Штипската полиција по судска наредба и решение од Основен суд Штип, вчера привела 17- годишник, осомничен дека е сторител на 12 кривични дела извршени на подрачјето на Штип, од кои едно „разбојништво“, една „тешка кражба на дрзок начин“, осум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“.

Полициски службеници, со претставник од Центарот за социјална работа, информираа денеска од МВР, извршиле спровод на малолетниот сторител во Воспитно поправниот дом Тетово.

Од МВР посочуваат дека се работи на расветлување и на други кривични дела за кои се сомничи 17-годишниот малолетник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.