Малолетник од Гостивар е уапсен откако се обидел да купува со фалсификувани евра.
Од СВР Тетово информираат дека синоќа околу 20 часот и 10 минути, на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода 17-годишник.
За него постои основани сомнение дека дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота од педесет евра. Момчето е задржано во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.