Негативен на корона е 23-годишниот притвореник од Гостивар кој вчера почина во затворот во Шутка, обелодени министерот за здравство, Венко Филипче

Тој додаде дека состојбата со затворите се следи.

Инаку од затворската управа вчера објаснија дека претпладнето момчето било на редовна прошетка во дворот од затворот. Кога се вратил во ќелијата, неговиот цимер имал посета од затворските стражари кои разговарале и со момчето и немало ништо сомнително ниту пак тој се пожалил на здравствени проблеми. Во 16 часот биле повторно повикани откако притвореникот не можел да се разбуди од спиење. Починатото момче било во притвор од 18-ти декември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.