Советникот на ДУИ во Општина Охрид Нефи Усеини и неговиот брат се во притвор во истражниот оддел на затворот во Охрид.

На Усеини му беше одреден притвор од 8 дена на 20 август, откако СВР Охрид поднесе кривична пријава против него за кривичните дела Насилство и Неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали за инцидентот со охриѓанецот Спире Топаловски. Осомничен за нападот врз Топалковски е и братот на советникот Усеини.

Во изминатите денови браќата Усеини беа во бегство и недостапни за полицијата, а денес самите се пријавиле во полициска станица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.