Триесет дена притвор доби С.Р. (49) од тетовско Јанчиште, тетовско, осомничен за убиство на холанѓанецот Јос М. (59), сопственик на расадникот „Еуроплантс“ во тетовско Прељубиште, информираат од СВР Тетово.
По вчерашниот настан, С.Р. кој е вработен во расадникот бил лишен од слобода, а по извршениот увид и разговор со него во полициска станица, СВР Тетово до обвинителството достави кривична пријава за убиство.
Со соодветен поднесок во Основен суд Тетово, осомничениот е изведен пред судија во претходна постапка кој му одредил мерка притвор од времетрање од 30 денови, соопшти денеска СВР Тетово.
Според првичните податоци од увидот на местото и разговор со вработените, на убиството му претходела расправија и физичка пресметка. Работникот со камен неколку пати го удрил и го усмртил сопственикот на расадникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.