Притвор од 30 дена за тетовецот кој во неделата се обидел да силува 14-годишно девојче, соопштија од СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против тетовецот Н.Н.(19) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Н.Н. на 01.03.2020 околу 14:00 часот во влез од зграда во Тетово допирал по тело малолетничка од Тетово и се обидел да изврши обљуба врз неа. Набргу потоа, пријавениот бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, а на 03.03.2020 судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово му определил мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.