Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице, државјанка на Република Србија, која се товари дека извршила кривично дело – Фалсификување на исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата, во саботата, со умисла употребила лажна јавна исправа како вистинска. Имено, таа со фалсификувана македонска лична карта на друго име се легитимирала пред вработен во пријавницата на КПУ „Идризово“ – Скопје, со намера да влезе во затворот и да го посети нејзиниот вонбрачен сопруг.

Бидејќи постои реална опасност од криење и бегство на обвинетата која е странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.