Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за продолжено извршување на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од кривичниот законик.

Имено во периодот од јуни до септември, во повеќе наврати, осомничениот 41-годишен скопјанец, кај себе и во својот дом на булеварот „Гоце Делчев“, држел наркотична дрога хероин и марихуана. Притоа, при неколку претреси, кај него биле пронајдени и одземени околу 13 грама хероин и помали количества марихуана, како и смеса од кофеин и парацетамол.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.