Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Ш.Е. (29) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, а од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Во понеделникот на автопатот Гевгелија –Скопје, кај клучката „Прдејци“, полициски службеници го запреле товарното возило „Ивеко Деили“, кое го управувал пријавениот, при што пронашле 43 мигранти од Пакистан, Индија, Кашмир и Авганистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.