Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип донесе одлука за осумдневен притвор за двајцата штипјани, на возраст од 23 и 26 години, кои пред два месеци малтретирале и тепале девојка во влез на станбена зграда.

Оваа информација на Фејсбук ја потврди и Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Од страна на СВР Штип до ОЈО Штип поднесена е кривична пријава за кривично дело „Насилство“ по член 386 од кривичниот законик. Во текот на денешниот ден пријавените се изведени пред судија на претходна постапка и за истите е определена мерка притвор, напиша Чулев.

Инаку, осомничените заедно пред два месеци извршиле грубо насилство врз девојка од Штип, а ОЈО Штип поднесе предлог за определување притвор на двете лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.