Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 13 јуни, во својот дом во Студеничани, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во вкупно количество од 137 грама. Дрогата била спакувана во црна полиетиленска кеса.
Бидејќи надлежниот јавен обвинител ценел дека и натаму постојат законските основи заради кои на обвинетиот претходно му беше определена мерка куќен притвор, до Судот беше доставен и предлог за продолжување на оваа мерка.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Завчера во својот дом на улица „Јајце“ во Скопје, осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин со вкупна нето тежина од 99,15 грама. При претресот на неговиот дом била пронајдена и сива дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.
Ценејќи дека постојат околности кои го оправуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.