Основното јавно обвинителство – Охрид донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 38-годишен државјанин на Албанија, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Јавно обвинителство.

Осомничениот, се вели во соопштението од ЈО, на 7 ноември 2021 година во 20:00 часот, во Дебарца, бил запрен од полициски службеници, додека управувал со патничко моторно возило „Ситроен Берлинго“ со албански регистарски ознаки и во сопственост на друго лице.

– При извршен претрес во возилото биле пронајдени 100 килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 100 полиетиленски опаковки распределени во пет најлонски вреќи, информираат од ЈО.

Поради потребата од обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Охрид, стои во соопштението од ЈО, доставил предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.