Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 54 – годишно лице поради постоење основано сомневање дека го сторил кривичното дело – Обљуба со злоупотреба на положбата.
Осомничениот на 17.12.2020 година околу 10,00 часот, со злоупотреба на својата положба како професор во училиште во Крушево извршил полови дејствија врз негова ученичка на возраст од 15 години, која му била доверена заради учење. Кривичното дело осомничениот го сторил напаѓајќи го детето во училница, притоа оштетеното дете го оттурнало од себе и излегло од училницата, соопшти Јавно обвинителство на Република Македонија.
Јавен обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Предлогот беше прифатен, па Судот со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.