Судија во претходна постапка денеска одреди мерка притвор во траење од 30 дена за 69-годишен маж од Тетово кој се осмничи за кривично дело полов напад врз дете.

Тој вчеравечер беше лишен од слобода, затоа што околу 19:45 часот допирал по телото малолетничка од Тетово, негова сосетка.

По лишувањето од слобода СВР Тетово поднесе кривична пријава до Обвинителството за основано сомнение дека сторил кривично дел по член 188 од Кривичниот законик. Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, по изготвена и поднесена кривична пријава му определил мерка притвор од 30 дена“, информираат од СВР Тетово.

Тој денеска ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.