Полицијата поднесе кривична пријава против дваесет и осумгодишен маж поради сомнение дека ја убил својата баба во нејзиниот стан.

Од МВР соопштија дека Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.М. (28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Тој се сомничи дека во периодот од 5 до 11 ноември 2021 извршил кривично дело убиство на неговата баба В.Б. (75) во нејзиниот стан на улица „Никола Малешевски“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор, појаснуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.