За денеска во Кривичниот суд Скопје е предвидено својот исказ да го дадат последните сведоци предложени од одбраната во случајот „Монструм“. Според најавите од претходното рочиште, денеска треба да сведочат тројца сведоци, од кои еден припадник на полициската единица Алфи.

Со завршување на ова фаза следува подготвителен период за завршни зборови.

Повторувањето на судскиот предмет за петкратното убиство во Смилковско Езеро во април 2012 го води судиската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани. Додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.