На 06.09.2020 во 06.00 часот во Полициска станица Прилеп, било пријавено дека на пат за с.Селце,прилепско има превртено патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од Е.С.(21) од Прилеп, која починала на местото на настанот.
Со тешки телесни повреди се здобила С.А.(21) од Прилеп, која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.