На 04.10.2021 во 14.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(64) од Прилеп и патничко возило „фиат брава“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(63) од с.Крклино, битолско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Т., а со телесни повреди се здобил Б.Т., констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.