Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Н. (53) од Прилеп поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 КЗ на РСМ.
По добиени оперативни сознанија дека пријавениот се занимава со нелегално производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана, на 2 септември со наредба за претрес на дом и други простории извршени се претреси во домот на пријавениот во Прилеп и во викенд-куќата во местото Кишовица. При извршените претреси, во викенд-куќата и во дворот се пронајдени марихуана и 59 стебла канабис – соопштуваат од обвинителството.
Судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп на Т.Н. му определи мерка притвор од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.