Вчера околу пладне во Секторот за внатрешни работи Битола, Н.Ј. (49) од Битола пријавил дека во текот месец мај минатата година по препорака на пријател од Прилеп се сретнал со лицето С.Н. од Прилеп кој изработувал ЦНЦ машини и се договориле за сума од 4.500 евра да му изработи машина.

Пријавениот во неколку наврати му побарал капар за порачка на делови, по што не му одговарал на повици и до моментот на пријавување машината не била изработена. Со стореното дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 3.500 евра. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.