Мотоциклист од Прилеп добил тешки телесни повреди кога со неговата „Априлија“ се удрил во „Фрод Мондео“ на патото Ресен Охрид.
Во несреќата е повредена и прилепчанка која била совозач на моторот. Поради здобиените повреди таа е префрлена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“- Охрид.
На 15.08.2021 во 11.10 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на с.Опеница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(60) од с.Косел, охридско и мотоцикл „априлиа“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(25) од с.Мало Коњари, прилепско. Во незгодата Г.Б. се здобил со тешки телесни повреди, а неговата сопатничка Т.Т.(24) од Прилеп се здобила со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“- Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид – информират од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.