СВР Охрид поднесе кривична пријава против четириесет и двегодишен жител на селото Лактиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против педесет и седумгодишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување лице во вршење работи на безбедноста”.

Пријавените, на 04.09.2020 во угостителски објект на ул.„Железничка“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир, по што Н.Т. најпрво упатил вербални навреди кон полициските службеници кои пристигнале, а потоа заедно со Љ.Р. и физички ги нападнале, спречувајќи ги полициските службеници во извршувањето на службените дејства, стои во билтенот на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.