Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп денеска во периодот од 10.15 до 11.00 часот ги привеле П.З.(24) и Д.Д.(27), двајцата од Прилеп, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По добиена судска наредба, биле извршени претреси во домовите на П.З. и Д.Д., при што биле пронајдени и одземени две ќеси марихуана, саксии со растение канабис и шишенца со 51 семка од растението канабис.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 и член 216 од Кривичниот законик – велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.