Четрири лица од Виница и едно од Кочани се уапсени поради незаконско одгледување канабис
На 17.12.2021 во 22.55 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода Д.Д.(26), Ф.Д.(24), К.С.(21), С.Ѓ.(20) од Виница и П.Ѓ.(21) од Кочани. При претрес во домот на Д.Д. и Ф.Д., извршен со судска наредба, каде биле затекнати и К.С., С.Ѓ. и П.Ѓ., биле пронајдени и одземени марихуана и стебла од растението канабис – информираат од МВР.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.