Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија до Основното Јавно обвинителство Скопје, поднесе кривични пријава против Е.Ш. (30), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распркувачки материи“, предвидено и казниво по член 396 од КЗ.

Имено на 28-ми минатиот месец на улица „Беласица“ во Скопје, од страна на полициски службеници извршено е легитимирање и преглед на пријавениот, при што кај истиот бил пронајден пиштол „Црвена застава“ кал. 7,65 со една рамка со 7 куршуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.