Полициски и царински екипи спречиле шверц на 100 килограми марихуана од Македонија во Бугарија.

Притоа, на граничниот премин Ново Село бил приведен 48-годишниот бугарски државјанин A.K.K..

Полицијата го привела бугарскиот државјанин под сомневање дека е сторител на кривично дело „неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

 

На граничниот премин Ново Село, на излез од Македонија, полицијата и царината, при преглед на товарно возило МАН, со бугарски национални ознаки, пронајде 102 пакувања наркотичната дрога марихуана, скриени во специјално направен бункер во горниот дел од кабината на возилото, односно околу 100 килограми дрога – соопштија од полицијата.

 

Пронајдената дрога од страна на мобилен тим и Царинската управа се предадени на СВР Струмица за понатамошната постапка, а лицето е приведено во полициска станица и во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Струмица, по член 215 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.