По барање на загрижени граѓани за своите најблиски кои се јавија во редакцијата на „Република“, од МНР побаравме официјални податоци за автобусот кој се преврте кај Лесковац.
Превозникот „Еуробус“ од Струга со регистерски таблици „SU 33 25 AC“, е автобусот кој се излизга од патот и се преврте кај Лесковац, потврди МНР за „Република“. Во сообраќајната несреќа има над 30 повредени и тројца мртви. Министерот за здравство Венко Филипче и генерален секретар на РМ веќе се упатиле кон местото на несреќата, а претсавник од амбасада на РМ во Белград од рано наутро е во контакт со институциите. За идентитетот на жртвите се уште нема официјални информации, истите се очекуваат во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.