На регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населбата Ајдучка чешма во Куманово, вчера во 21:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово дале знак за запирање на товарно моторно „ивеко” со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи, по што удрило во ограда на една од куќите и возачот го напуштил местото.

Набргу потоа возачот М.Р.(28) од село Баница, струмичко, бил пронајден и лишен од слобода. При преглед во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, кои биле спроведени во Транзитен центар Табановце. По целосно расчистување и документирање на случајот против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.