Агапи Дика Претседателката на Собранието на невладината организација на Бојан Јовановски познат уште како Боки 13 не знае каде завршиле парите од Меѓународен сојуз Скопје.

Дика денеска даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал и корупција и потоа на излегување се обиде да ја избегне јавноста, излегувајќи од задниот влез на Обвинителството.

Таа кусо изјави дека не знае дали Боки 13 работел незаконски и дека не знае каде завршиле парите кои биле уплатени на сметка на Меѓународниот сојуз Скопје.

Неофицијално, таа е повикана во Обвинителството бидејќи како претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз Скопје била потписник на повеќе договори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.