На 20.09.2020 во раните утрински часови од страна на Регионалниот центар за гранични работи Север, во содејство со Единицата за брзо распоредување и СВР Куманово, а по претходно издадена Наредба од Основен суд Куманово, бил извршен претрес во две куќи во селата Лојане и Ваксинце, поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.
При извршен претрес во домот и помошните простории во сопственост на лицето Ќ.А.(66) во с.Ваксинце пронајдени се 10 лица мигранти од Бангладеш, поради што се приведени Ќ.А. и Ф.А.(27) од с. Ваксинце. Додека во с. Лојане, при претрес на домот и помошни простории во сопственост на А.А.(48) биле пронајдени вкупно 18 лица мигранти, од кои 16 од Пакистан и две од Авганистан, меѓу кои 4 малолетни лица. Во врска со настанот приведено е лицето З.А.(53) од с.Лојане, информираат од МВР.
Во текот на денешниот ден приведените лица ќе бидат изведени пред суд, а мигрантите ќе бидат префрлени во Прифатниот центар „Винојуг“, Гевгелија.
До Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, по чл. 418-б од Кривичниот законик на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.