Денеска (04.10.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија  со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје  по претходно добиени оперативни информации и добиена судска наредба за претрес, извршија претрес во дом на А.С. (39) од с. Страчинци, скопско.

При претресот пронајдени се два пиштоли, една пушка и три куршуми. А.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.