Вчера околу 16.30 часот во с.Градец, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.Ш.(25) и В.И.(30) од гостиварско Врапчиште, бидејќи при нивен и преглед на нивното патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, била пронајдена марихуана.
Како што соопшти МВР, нешто подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во дом и помошни простории на С.Ш., при што била пронајдена и одземена марихуана.
Двете лица се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.