Вчера во 18:30 часот полициски службеници од СВР Струмица извршиле службен разговор со С.З.(32) од с.Муртино, струмичко во врска со пријавата поднесена претходниот ден во 19,00 часот од 18-годишна жителка на Радовиш.
Таа пријавила дека на 23.11.2021 околу 21:30 часот во с. Муртино заедно со С.З. заминале во куќа сопственост на С.З., каде користеле марихуана, а потоа пријавениот се обидел да ја силува, известува МВР,
По добиена судска наредба извршен е претрес на домот и други простории во с.Муртино сопственост на С.З. при што пронајдени се предмети со остатоци од марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.