Нема жртви ниту повредени во сообраќајната незгода која се случи на магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка. Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Куманово, Живкица Чавдаревиќ, во незгодата е причинета само материјална штета.

Несреќата се случила кај местото викано Просеченик, во атарот на селото Псача, општина Ранковце.

До незгодата дошло во петнаесет часот и четириесет минути кога патничко моторно возило марка „лендровер“, кое се движело од Крива Паланка кон Куманово при разминување се судрило со товарно моторно возило марка „мерцедес“.

За среќа, нема жртви, ниту повредени, само е причинета значителна материјална штета, изјави Чавдаревиќ.

Поради незгодата сообраќајот на патниот правец Куманово-Крива беше во прекин во периодот од петнаесет часот и четириесет минути до шеснаесет часот и педесет минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.