-На 29.07.2021 околу 14.15 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено женско лице, велат од МВР.
По излегување на местото полициски службеници констатирале дека повреденото лице е Р.Х.(39) од населба Сингелиќ. Во 18.00 часот во Полициската станица Гази Баба Р.Х. пријавила дека околу 12.45 часот, поради нерасчистени имотно-правни односи, таа била физички нападната од Б.И. и Ф.Љ., кои биле во роднинска врска со нејзиниот сопруг.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.