Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради основано сомневање да сториле кривично дело – Насилство од чл.386 ст.6 во врска со ст. 3 и ст. 1 од Кривичниот законик. Едно од лицата, 44 – годишен прилепчанец, е лишен од слобода, а останатите двајца, на возраст од 23 и 18 години, се уште се недостапни за органите на прогонот.
Осомничените, на 19 август, во кафе бар во Прилеп, во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно оштетено лице. Тие без повод и причина физички го нападнале 21-годишникот додека седел во кафе барот. Потоа пред кафе барот продолжиле со нападот при што оштетениот се здобил со тешка телесна повреда, а во јавноста било предизвикано чувство на несигурност, загрозување и страв. Поради сериозноста на повредите оштетениот итно е пренесен на понатамошно лекување во Скопје.
По предлог од Основното јавно обвинителство Прилеп, судијата на претходна постапка на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, која за двајцата осомничени кои се недостапни ќе почне да се пресметува од денот и часот кога ќе бидат лишени од слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.