Пресудата за предметот „Тортура”, каде првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шест припадници на единицата „Алфа“ е закажано за на 17 јуни.

За време рочиштето за завршни зборови на одбраната беше посочено дека БЈБ при МВР, а не УБК, како што тврди обвинителство, го организирало и извршило приведувањето на Лубе Бошковски, во јуни 2011 година.

Случајот за овој предмет го води судијката Александра Ристовска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.