А.А.(35) од село Арачиново, скопско, вчера околу 15,35 часот во СВР Скопје, пријавил дека додека седел во неговиот двор со Ф.А.(31) од село Арачиново, со патничко моторно возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки поминале Ш.М.(36) и Ш.М., кои пукале кон А.А. и Ф.А., на што истите возвратиле.

Повредени лица нема, а оштетено било возилото „форд галакси“ сопственост на Ш.М. и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ф.А..

Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.