Престрелка помеѓу две групи се одвивала пред околу половина час во скопски Бутел.
Неофицијално било пукано од две возила, по кои полицијата се уште трага, а нема информација за ранети или загинати.
На местото на настанот, според непотврдени инфо се пронајдени десетина чаури од оружје тип Калашников.
Според МВР , во 17:47час. О.И. пријавил дека на ул. Христијан Тодоровски Карпош дел после подвозникот од десната страна,од два автомобили едниот Фолгсваген Пајтон сива боја,во правец на О.И. од страна на неколку лица било пукано со автоматско оружје но никој не бил повреден , а пријавителот посочил дека препознал дел од напаѓачите.
Се работи на расчистување на случајот., соопштија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.