Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на нашата држава, полицијата регистрирала 620 прекршоци за неносење заштитна маска.
Од МВР соопштија дека во истиот период во Република Македонија на 324 лица им се издадени решенија за изолација, а 88 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација, се наведува во соопштението на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.