Две лица се тешко повредени откако вчера во 14.30 часот на крстосница од бул.„Маршал Тито’’ и ул.„Ленинова’’ во Струмица, на нив налетал автомобил.

Како што соопшти МВР денеска, едно возило удрило во пешаците М.Б.(61) од Радовиш и В.А.(57) од Струмица, по што го напуштило местото.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила В.А., а со телесни повреди се здобила М.Б., по што биле пренесени во болницата во Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.