Ноќба во 01.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено малолетно женско лице со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна незгода.

Од полициски службеници од СВР Скопје бил извршен разговор со мајката на малолетничката, И.Ч.К.(34) од Скопје, која изјавила дека на ул.„Кримска“ нејзината ќерка како пешак била удрена од едно возило, кое го напуштило местото на незгодата.

Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.