Во средата, возач на автомобил во скопската населба Аеродром удрил во дете, кое од ударот се здобило со повреди и е однесено во болница, соопшти МВР.
Имено, како што соопштија, на сервисна улица од бул. „Јане Сандански“ патничко моторно возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки управувано од М.М.(30) од Скопје удрило во дете, кое се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.