Вчеравечер во 20.35 часот кај мостот во с.Љубош кон с.Батинци, скопско, патничко возило „нисан навара“ со италијански национални ознаки, управувано од Т.С.(32) од с.Црни Врв, скопско, удрило во седумгодишно момче од с.Цветово, скопско.
Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош и било задржано на понатамошно лекување и се наоѓа во животна опасност, сооптштија од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.