Две деца се повредени, од кои едното потешко, откако вчеравечер во 22 часот на крстосница од бул.„Партизански Одреди“ и ул.„Аминта Трети“ во Скопје, во нив удрило патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки.
Како што соопшти МВР денеска, М.Х.(19) од Скопје со неговото возило удрил во две деца на возраст од 13 и 12 години, по што го напуштил местото.
По незгодата децата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што на 12-годишникот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 13-годишникот телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.