Две 10-годишни деца се повредени откако вчера околу 13.00 часот биле удрени од патничко возило „киа“ со тетовски регистарски таблици што го управувал Ј.С.(52) од тетовска Голема Речица, по што тој веднаш го напуштил местото на несреќата, информираа од СВР Тетово.
Инцидентот се случил на улицата „168“ во Тетово додека децата оделе пешки по што со друго возило биле пренесени во тетовската Клиничка болница.
По кусо време возилото што ги удрило било пронајдено и обезбедено од страна на полицијата, на местото бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот, посочија од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.