Четиригодишно дете им подлегна на тешките повреди предизвикани во сообраќајната незгода што се случи вчера околу 14.10 часот пред здравствена амбуланта во с.Банско, струмичко.
Како што соопшти МВР, М.Н.(25) од с.Банско, управувајќи патничко возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во четири малолетни лица, на 4, 9, 14 и 17 години, сите од с.Банско, а потоа во електричен столб.
По незгодата возачот и пешаците биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, при што кај четиригодишникот од лекар била констатирана смрт, а со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот пешак. Кај возачот и другите двајца малолетници се констатирани телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.