Вчера наутро во 07.50 часот на крстосницата од улицата „Скоевска“ и улицата „Радишанска“ во Скопје, товарно возило „фолксваген ап“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.Б.(45) од Скопје, удрило во пешакот Н.К.(83) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.К. и со истото возило била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.