Вчера околу 18 часот било пријавено дека во Битола на ул.„Филип Втори Македонски“, патничко возило „хјундаи“, со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Е.(29) од Битола, удрило во пешакот Е.И.(45) од Битола.

Во незгодата Е.И. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.