Прегазена жена во Македонски Брод се здобила со тешки повреди, а лекарите од пролепската болница можеле само да констатираат смрт.
-На 19.07.2021 во 20.50 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Кичево, на место викано „Гранит“ кај с.Суводол-Македонски Брод, патничко возило „фолксваген шаран“, со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од С.П.(64) од Македонски Брод, удрило во Е.З.(31) од с.Брест-Македонски Брод, информираат од МВР.
Според пријавеното во незгодата Е.З. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Прилеп, каде од страна на лекар била констатирана смрт.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.